Обама во посета на Кина

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама е во посета на Кина каде ќе присуствува на самитот на Г20, при што тоа е последното негово патување во Азија пред да ја напушти функцијата. Се очекува Обама да ја искористи посетата за да ја промовира неговата работа на климатските промени. Тој ќе се сретне и со кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Двајцата лидери најверојатно ќе објават дека нивните земји формално земааат учество во парискиот договор за намалување на емисиите на јаглерод кои придонесуваат за глобалното затоплување.