Погреб на претседателот на Узбекистан

Граѓаните на Узбекистан положуваат цвеќе во чест на Каримов.

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов ќе биде погребан денеска откако вчера властите соопштија дека тој починал од мозочен удар. Каримов ќе биде погребан во неговиот роден град Самарканд, кој се наоѓа на 300 километри југозападно од Ташкент. Илјадници луѓе положија цвеќе на патот каде ќе помине поворката со неговото тело. Каримов почина на 78 годишна возраст, а властите прогласија три дена на жалост во земјата.