Стејт департмент - референдумот во РС е неуставен

Референдумот за Денот на Република Српска најавен за 25 септември не е во согласност со Уставот, изјавија за ТВ Н1 од Стејт департментот укажувајќи дека лидерите треба да работат на тоа да се надминат разликите во интерес на сите граѓани.

„Најавениот референдум за 25 септември се однесува на прашање за кое веќе одлучил Уставниот суд на БиХ и нема да биде во согласност со Уставот на државата“, изјавија извори од Стејт департментот за таа телевизија.

Како што нагласуваат, улогата на Уставниот суд е составен дел од Анексот 4 од Дејтонскиот мировен договор и како таков неговите пресуди се конечни, обврзувачки и мора да се почитуваат.