Бомбашки напад во суд во Пакистан

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 50 се повредени во бомбашки напад на окружен суд во северозападниот дел на Пакистан. Нападот се случил во градот Мардан во провинцијата Кибер Пактунква. Судски службеник вели дека меѓу загинатите има полицајци и адвокати. Извештаите велат дека напаѓачот прво фрлил граната во влезот на суд, а потоа се разнел на главната порта. Портпаролот на екстремистичката муслиманска група Џамал ул Арар, огранок на пакистанските талибанци, ја презеде одговорноста за нападот.