Путин не знае кој стои зад хакирањето во САД

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не знае кој ги хакирал мејловите на американската Демократската партија, но вели дека руската влада нема никаква врска со тоа. Рускиот претседател вели дека поважно прашање во тој случај е содржината на мејловите кои беа објавени во јавноста. Електронската пошта која беше објавена покажува дека Националниот комитет на демократите бил пристрасен кон претседателскиот кандидат Хилари Клинтон во однос на нејзиниот ривал Берни Сандерс. Потоа беше пробиена и компјутерска мрежа која се користи во кампањата на Клинтон и од страна на финансискиот комитет на партијата. Клинтон, но и некои официјални лица сугерираат дека Русија стои зад хакирањето и дека се обидува да влијае врз изборот на претседател на САД. Путин рече дека Москва никогаш не се мешала, не се меша и нема намера да се меша во американската домашната политика.