Започнува медиумскиот мониторинг според старата методологија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека од утре започнува мониторингот кој ќе се врши според Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси.

По реакциите од петте најголеми телевизии и од партиите, Агенцијата за медиуми реши медиумите да ги набљудува по Методологијата од јануари годинава, а не според таа што ја донесе пред пет дена.