Пападопулу нов шеф на ЕУЛЕКС

Грчката дипломатка Александра Пападопулу денеска ја презеде функцијата шеф на Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС).

Амбасадорката Пападопулу, која го замени италијанскиот дипломат Габриеле Меучи, е висока грчка дипломатка со долгогодишно искуство на Балканот, а претходно на Косово беше шефица на Грчката канцеларија за врски во 2000 година, соопшти ЕУЛЕКС.

Таа неодамна беше постојан претставник на Грција во ЕУ во Брисел, како и генерална директорка за европски прашања при грчкото Министерство за надворешни работи за време на грчкото претседавање со Унијата во 2014 година.

Пападопулу била и заменик на постојаниот претставник на Грција во ОН и пет години била шефица на Грчката канцеларија за врски во Скопје.