Примирје во источна Украина за новата школска година

Завојуваните страни во источна Украина направија нов обид за прекин на огнот. Украинскиот министер за одбрана Степан Полторак денеска изјави дека немало ниту една престрелка во текот на ноќта до 9 часот утрината. И од страната на проруските сепаратисти тврдат дека нема борби и повредени. Трилатералната контакт група за Украина, која се состои од претставници на Украина, Русија и ОБСЕ минатата недела постигнаа договор за прекин на огнот за почетокот на новата учебна година. Слично примирје една недела имаше и минатата година.

Во заедничката изјава, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел велат дека се надеваат оти најновото примирје ќе биде почеток на траен прекин на огнот.