Протести во Приштина против демаркацијата

Пратениците во Собранието на Косово треба да расправаат за демаркацијата на границата со Црна Гора.

Во меѓувреме пред собраниската зграда се одржуваат протести. Стотици косовски полицајци со опрема за разбивање на демонстрации се распоределени околу зградите на косовското собрание и Владата во центарот на Приштина. Демонстрациите ги предводи опозициската партија Самоопределување, која се противи на демаркацијата со Црна Гора, оти сметаат дека на тој начин Косово ќе загуби дел од територијата.

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово нема да загуби ниту еден метар од својата територија заради демаркацијата на границата со Црна Гора и објасни дека „им верува на мапите на НАТО“', а не „на руските или југословенските мапи“.

Тој е уверен дека спогодбата за демаркација ќе биде ратификувана и дека тоа ќе го поплочи патот кон либерализација на визниот режим со ЕУ.