Кина и Киргистан истражуваат кој ја нападна амбасадата

Кинеските власти соопштија дека ќе им помогнат на киргистанските власти во истрагата за неодамнешниот терористички напад врз кинеската амбасада во Бишкек. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека Пекинг ќе соработува со Бишкек за да се добијат брзо информации за тоа кој стои зад нападот.

Киргистанските власти соопштија дека бомбаш-самоубиец со автомобил удрил во портите на кинеската амбасада во Бишкек на 30 август пред да го детонира експлозивот во автомобилот. При нападот загинаа возачот на автомобоилот, а тројца вработени во амбасадата се повредени. И властите во Киргистан и тие во Кина, велат дека станува збор за терористички напад.