Убиен еден од командантите на ИД во Сирија

Абу Мухамед ал Аднани

Портпаролот и еден од командантите на милитантите на Исламската држава Абу Мухамед ал Аднани бил убиен во северниот дел на Сирија, соопшти новинската агенција Амак, која се поврзува со оваа екстремистичка група. Во веста се наведува дека тој бил убиен за време на операцијата против воената кампања во Алепо. Аднани беше еден од ветераните на Исламската држава.