Лидерска средба за проценка на спроведеното

Лидерите на четирите партии кои го потпишаа Договорот од Пржино на денешната средба, според договореното, би требало да утврдат дали е спроведено договореното на претходната нивна средба за одржување предвремени парламентарни услови во Македонија, најверојатно на 11 декември годинава. Во таков случај, според договорот, би требало да се пристапи кон формирање техничка влада која ќе ги организира изборите. На средбата ќе присуствуваат и претставници на меѓународната заедница, американскиот амбасадор Џес Бејли и висок претставник од делегацијата на ЕУ, бидејќи на амбасадорот Аиво Орав му истече мандатот, а неговиот наследник Самуел Жбогар се уште не е дојден во земјава, како посредници во постигнувањето на Пржинскиот договор.