Времето денеска: сончево и топло со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот во северните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд и со ретка појава на грмежи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 28 до 35 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 32 степена.