Путин ќе се сретне со неколку лидери на Самитот на Г-20

Рускиот претседател Владимир Путин ќе одржи билатерални средби со неколку лидери на маргините на претстојниот самит на Г-20 во Кина, соопшти Кремљ. Предвидено е Путин да разговара со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган на 2 септември, за како што наведуваат, нормализирање на односите меѓу двете земји. Односите меѓу нив беа затегнати откако турските сили соборија руски воен хеликоптер во ноември 2015. Но потоа двајцата претседатели отворија ново поглавје во односите, со посетата на Ердоган на Русија на 9 август.

Путин ќе разговара со новата британска премиерка Тереза Меј, за како што е наведено, нов импулс во односите меѓу нив. Потоа рускиот претседател со саудискиот принц Мухамад бин Салман ќе разговара за Сирија. Планирана е и трилатерална средба со францускиот претседател и германската канцеларка за кризата во Украина и за тензиите во Крим. А Путин ќе има и одвоени средби со Франсоа Оланд и со Ангела Меркел.