Во Србија уапсени тројца криумчари на мигранти

Во заедничка акција на српската војска и полиција биле уапсени тројца луѓе кои се обиделе да криумчарат 64 луѓе од Авганистан, соопштија денеска српските власти. Тројцата криумчари кои биле од Белград се уапсени во близината на Зајачар. Во едно комбе се откриени 34 илегални мигранти, меѓу нив жени и деца, едно бебе и бремена жена, а во близина на комбето имало уште два автомобили со 30 мигранти, меѓу кои исто така имало деца. На криумчарите им е одреден притвор.