Во Србија од Западен Нил заболени 14 луѓе

Од вирусот Западен Нил во Србија досега се заболени 14 пациенти и нивната дијагноза лабораториски е потврдена, тројца луѓе се водат како „веројатно заболени“, а еден пациент почина.

Вирусот Западен Нил е вирусно заболување кое го пренесуваат комарците и повеќето заразени немаат никакви симптоми или знаци на болест.

Заводот за биоциди потврди дека заразени комарци има во Белград, Нови Сад, Панчево, Шабац, Смедерево и Пожаревац.

Грозницата на западен Нил првпат во Србија е регистрирана во 2012 година.