Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 29 до 36 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.