Црвен крст - собрани 51 милион денари за поплавените

Црвениот крст соопшти дека досега за погодените во поплавите се собрани повеќе од 51 милион денари.

Од Црвениот крст досега поделиле и повеќ еод 34 илјади пакети со храна, потоа илјадници пакети со облека и обувки, бебешки пакети, кебиња, средства за дезинфекција, душеци и друго што им било потребно на поплавените. Укажани се 185 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.

Акцијата ќе трае заклучно со денеска, а по нејзиното завршување средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.