Во бомбашки напад во Јемен 25 жртви

Во самоубиствен бомбашки напад во градот Аден во Јемен загинаа 25 припадници на владините сили кои се подготвуваа да патуват за Саудиска Арабија на обука. Во нападот биле повредени уште 60 други луѓе. Автомобил бомба експлодирал во близина на две училишта и една џамија во Аден, каде што војниците се регистрирале за да отпатуваат на мисијата. Саудиска Арабија се обидува да обучи војска од пет илјади луѓе за воени операции. Од екстремистичката организација Исламска држава соопштија дека еден од нивните борци е одговорен за нападот. Од екстремистичката група, пак, тврдат дека во нападот загинале 60 луѓе.