Претседателот на Узбекистан имал излив на мозок

Претседателот на Узбекистан Ислам Каримов е примен на одделот за интензивна нега во болницата во Ташкент, откако доживеа излив на мозокот, напиша ќерката на Каримов на социјалните мержи. Таа во пораката пишува дека татко и е во „стабилна состојба“. Вчера узбекистанската влада соопштија дека претседателот е однесен во болница и дека ќе биде потребно време за медицинска проценка и третман. Узбекистан на 1 септември прославува 25 години од независноста на земјата од Советскиот сојуз.