Турција во Сирија не се бори само против борци на ИД

Пентагон потврди дека турски сили се борат против сириски бунтовници во делови од северна Сирија, каде што нема борци на организацијата Исламска држава. Во соопштението на специјалнот претставник на САД во регионот, се наведува дека американски сили не биле вклучени во најновите судири во северниот дел на Сирија и дека не ги поддржуваат новите судири. САД велат дека ги поддржуваат само воените интервенции на Турција во северниот дел на Сирија, само против милитантите на Исламската држава. И турските и американските власти ги предупредија сириските Курди да се евакуираат од подрачјето под нивна контрола, западно од реката Еуфрат и да се повлечат кон исток.