Експлозија во Брисел, немало повредени

Белгиските медиуми јавуваат дека експлозија се случила во Институтот за криминологија во Брисел, но оти притоа немало повредени. Државната радио телевизија јави дека возило околу два часот изутрината го пробило патот до Институтoт по што се слушнала експлозија. Има извештаи дека овој дел од градот веданш бил блокиран од полицијата. Белгија е во вонредна состојба од можни терористички напади од март годинава по бомбашкиот напад на аеродромот и во метрото во Брисел кога загинаа 32 лица.