Времето денеска: сончево и топло со локална облачност

Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 28 до 35 степени. Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 33 степени.