Турските сили напредуваат кон сирискиот град Манбиј

Копнените турски сили напредуваат кон сириско-курдскиот град Maнбиј, додека борбите меѓу двете страни ескалираа во северна Сирија. Mанбиј, кој се наоѓа на западниот брег на реката Еуфрат, од милитантите на Исламската држава претходно во август беше преземен од страна на Сириските демократски сили кои се подржани од САД. Но, Анкара денеска објави дека почнува со воздушни напади во Maнбиј против позициите на курдските милиции како дел од прекуграничната воена офанзива на Турција во северна Сирија. Неколку часа претходно, Анкара го објави првиот смртен случај на еден турски војник во воената операција што започна во северна Сирија вчера - наведувајќи дека тој бил убиен поради ескалацијата на судирите меѓу турските копнени сили и курдите. Во меѓувреме, Сириската опсерваторија за човекови права, денеска објави дека во воздушните напади загинаа 20 цивили во Maнбиј а дека уште најмалку 15 цивили се убиени од турскиот артилериски и тенковски оган. Турција се бори и против милиатнтите на Исламската држава но и против Сириските демократски сили од отворањето на прекуграничната офанзива на 23 август Сепак, до синоќа , таргетирањето на курдските борци во северниот дел на Сирија се ограничени на напади од турската артилерија , тенкови и пешадија. Турција и Сириските демократски сили се борат против милтантите на ИД. Но Турција смета деак Сириските демократски сили се терористичка организација и сака да го запре курдското освојување територии по должината на границата со Сирија. Анкара и САД ги предупредија Сириските демократски сили да останат источно од реката Еуфрат.