Германија очекува над 250.000 бегалци во 2016 година


Германија очекува да пристигнат околу 250,000-300,000 бегалци до крајот на годината изјави Франк-Јирген Веис, шефот на Сојузната служба за миграција и бегалци. Тој кажа дека поголем дел од мигрантите што престојуваат во Германија се од Сирија, Ирак и Авганистан. Веис изјави дека помалку од 1 милион бегалци дошле во Германија минатата година. Според неговите зборови 70 отсто од мигрантите кои дошле се работоспособни, но многу од нив ќе мора да се потпираат на социјална помош, додека си обезбедат работни места. Веис смета дека ќе биде потребно време за целосно да се интегрираат голем број на бегалци.