Атвуд: Ширете ја вашата литература низ светот

Годинешниот добитник на највисокото признание на 55 то издание на Струшките вечери на поезијата „ Златниот венец“, Маргарет Атвуд, канадска романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка,изјави дека поезијата во помалите земји, меѓу кои ја вброи и Канада иако географски голема е позначајна.

„Охрабрувачки е што посветувате толку големо внимание на поезијата, која често е потцената во однос на прозата. Во помалите земји поезијата е многу поважна отколку во големите земји каде што има издавачки империи“, изјави Атвуд.

Атвуд посочи дека писателите мора да пишуваат и мора да имаат многу добри преведувачи кои ќе направат добар превод за меѓународна афирмација.

Канадската писателка денеска засади дрво во Паркот на поезијата во Струга. Првата прочитана песна „Време“ ја посвети на поплавите што се случија во Скопско