Додик-Бараме од сите РС да се слави како држава

Претседателот на Партијата на независните социјалдемократи Милорад Додик денеска изјави дека Судот на БИХ не може да одлучува за имотот на Реублика Српска и оти во Дејтонскиот мировен договор никаде не пишува дека таа припаѓа на Босна и Херцеговина.На свечената академија по повод 20 години од основањето на партијата тој кажа дека РС е држава.

" Бараме од сите РС да се слави како држава, да бидеме припадници на својот народ, да се уважуваме, да ги спречиме старнците да ни ја наметнуваат својата воља", рече тој.

Додик исто така наведе дека главна цел е борба пртив наметнување на политичко Сараево и оти нема да се дозволи да се одземаат надлежностите на РС. Тој тврди дека во БИХ живее сурогат кој се нарекува правда.