Италија:Билансот на жртви во земјотресот зголемен на 290

Bројот на жртвите од силниот земјотрес во централна Италија достигна 290 луѓе.

Службата за цивилна заштита ги соопшти новите податоци претпладнето, пред да започнат државни погреби за некои од жртвите, на кои присуствуваат претседателот Серџо Матарела и премиерот Матео Ренци.

Најтешко погоден е градот Аматриче, каде е потврдена смртта на 230 лица.
Во Акумоли пронајдени се 11 тела, а во Аркуата дел Тронто – 49.