Талибанците окупираа област во Авганистан

Талибанците зазедоа област во југоисточниот дел на Авганистан кај границата со Пакистан. Милитантите ја окупираа областа Јани Кхел по тешки судири со авганистанските безбедносни сили синоќа. Најмалку пет полицајци загинаа, а пет други се ранети во судирите. Локалните власти оценија дека областа Јани Кхел паднала во рацете на Талибанците, бидејќи централната власт не испратила соодветни засилувања. Во изминатиот период екскалираа нападите на Талибанците во Авганистан.