Ден на жалост во Италија

Во Италија денеска е ден на жалост поради загинувањето на речиси 300 жртви во силнот земјотрес на 24 август. Во земјотресот со јачина од 6,2 степени загинаа најмалку 280 лица, а повредени се 388. Италијанскиот премиер Матео Ренци денеска ќе присуствува на државниот погреб за жртвите од Аркуата дел Тронто, еден од најтешко погодените градови. Земјотресот го погоди североисточниот дел на Рим, предизвикувајќи голема штета во градовите Акумоли, Аматриче и Аркуата дел Тронто .Потрагата за за пронаоѓање на луѓе под урнатините продолжува. Ангажиарни се 5000 спасувачи меѓу кои полицајци, пожарникари, војници и доброволци, но од вчера преживеани не се пронајдени.Спасувачките акции ги попречуваат серија на земјотреси кои во меѓувреме се случија. Многу луѓе се уште се верува дека се затрупани под урнатините, а многу од исчезнатите се странци и туристи кои биле во посета на историскиот регион. Во 2009 година, во земјотрес од 5,9 степени загинаа 309 луѓе во Аквила.