Русија и САД блиску до договор за Сирија

Москва и Вашингтон се движат кон постигнување договор за обновување на прекинот на огнот во Сирија, но не успеаја да потпишат договор по состанокот меѓу високи дипломати што се одржа во Женева вчера. "Нашите ставови се блиски", изјави државниот секретар на САД, Џон Кери, по 12 -часовните разговори. "Но, ние нема да потпишеме договор, додека тој не ги задоволува целосно потребите на сирискиот народ", додаде Кери. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека биле направени "многу важни чекори" за постигнување на договорот со кој треба да се запре насилството. "Мислам дека во најскоро време ќе бидат претставени плодовите на нашите заеднички напори", рече Лавров.