Одбиено барањето на телевизиите да се следaт и порталите

Агенцијата за Медиуми го одби барањето на телевизиите во предизборниот период да се следи работата и на порталите. Директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски вели дека за да се следат и порталите потребни се законски измени. Советот на Агенцијата денеска ја усвои методологијата која ќе се применува за набљудување на известувањето на радиодифузерите во предизборниот период.

Во Агенцијата се одржа и средба на членовите на Привремената Комисија за следење на медиумското претставување. Ова тело се уште не е конституирано во целост и не постигна согласност за избор на неговиот петти член.