Телефонски разговор Ердоган и Путин за Сирија

Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин денеска имаа телефонски разговор на тема операцијата „Еуфратски штит" во северна Сирија, како и заедничката борба против тероризмот.

Прес-службата на Кремљ соопшти дека разговорот се одржал по иницијатива на турската страна.

Ердоган и Путин разговарале и ситуацијата во Сирија, при што го истакнале значењето на заедничките напори во борбата против тероризмот, вклучувајќи и против „Исламска држава" (ИД), посочи прес-службата на Кремљ.

Во соопштението од канцеларијата на Ердоган е наведено дека двајцата лидери се согласиле да ги зголемат напорите за испорака на помош во Алепо, Сирија.

Ердоган и Путин договориле билатерална средба за време на самитот на Г-20 во Кина во почетокот на септември.