Военото крило на ПКК одговорно за нападот во Турција

Група, која се смета за воено крило на Курдската работничка партија (ПКК) ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен напад во градот Џизре, во кој беа убиени 11 луѓе, а десетици други повредени.

Групата Сила за народна одбрана објави дека извршила самоубиствениот напад во знак на протест против изолацијата на курдскиот бунтовнички лидер Абдула Оџалан, кој издржува доживотна казна затвор во Турција.

Истовремено организацијата ја презеде одговорност и за вчерашниот напад во Артвин, североисточна Турција против моторизираната придружба на опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу, прецизирајќи додаваат дека тој не бил конкретна цел.

Курдската група појасни дека цел бил воениот конвој, предводен од колоната цивилни автомобили, во која бил и Киличдароглу. Во соопштението се истакнува дека и покрај тоа што возилотот на опозицискиот лидер им било во дострел, тие не пукале во него.