Францускиот суд ја поништа забраната за буркини

Врховниот суд во Франција ја укина контроверзната забрана за носење на буркини, костим за пливање со кој се прекрива целото тело. Судот денеска донесе одлука според која локалните власти може да донесат ограничувања на индивидуалните слободи, само ако постои „докажан ризик“ за јавниот ред.

Одлуката за забрана на буркинито, ја обжалија две групи за човекови права - Француската лига за човекови права и Организацијата против исламофобија во Франција. Буркинито е во согласност со исламските стандарди на скромност.

Неколку француски градови донесоа забрани за користење на костимот за капење по серијата неодамнешни терористички напади во Франција, за кои одговорност презеде Исламската држава.