Јилдирим: Договорот за мигрантите може да пропадне

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска предупреди дека Европа ризикува да се соочи со огромен регионален бегалски проблем ако пропадне договорот со Турција за запирање на приливот на мигранти. Тој вели дека ако не се применат договорот за визна либерализација и договорот за враќање на бегалците, бегалското прашање нема да остане само во рамките на турските граници и се ризикува да се претвори во огромен регионален проблем кој ќе се однесува на цела Европа. Анкара бара од Брисел да ги укине визите за турските државјани и финансиски да ја помогне Турција за унапредување на условите за три милиони бегалци кои се наоѓаат на нејзината територија. ЕУ пак бара Турција да ги промени антитерористичките закони за да може да и ги укинат визите.