Одложена донацијата од Русија за поплавените

Поради технички причини авионот со донацијата од Руската Федерација се одложува за непознат период. Авионот не полетал, соопштија од Дирекција за заштита и спасување

Претходно од Дирекцјата најавија дека денеска на аеродромот „Александар Велики“ е треба да пристигне хуманитарна помош од Русија за погодените од поплавата на 6 август во делови на Скопје. Македонските власти од Русија побарале пумпи за вода, дезинфекциски средства, гумени чамци, кебиња, вреќи за спиење.