Времето денеска: сончево со мала локална облачност

Во Македонија ќе биде претежно сончево со мала локална облачност која повеќе ќе биде застапена во јужните делови на земјава. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието ќе има извесно засилување на ветерот. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степена.