Ердоган: успех на турската војска против ИД во Сирија

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во Анкара изјави дека силите на сириските бунтовници со помош на турската војска је презеле контролата врз пограничниот град Џараблус, едно од упориштата на милитантите на Исламската држава. Тој на заедничката прес конференција со американскиот потпретседател Џо Бајден повтори дека е против останувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад на власт. Бајден од своја страна рече дека САД ја поддржуваат турската операција во Џараблус и додаде дека притоа помагале и американски борбени авиони.