Во земјотресот во Италија, 247 загинати

Најмалку 247 луѓе загинале, додека 368 биле повредени во силниот земјотрес што вчера ја погоди централна Италија. „Ова не е кончена бројка“, предупреди италијанскиот премиер Матео Ренци. Спасувачки екипи и и натаму работат во обид да најдат преживеани под урнатините. Има извешати дека многу од исчезнатите се странски државјани кои престојувале во овој историски регион. Земјотресот бил со сила од 6,2 степени и предизвика огромни штети во градовите Акумоли, Аматриче, Поста и Аргуата дел Тронто.