Изгласани измени на законите за народен правобранител и за студенски стандард

Собранието го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, со кој се дава можност студент да биде тутор на ученици од основно и средно образование и со тоа да добие дополнителни поени ако конкурира за добивање стипендии.

Пратениците денеска го изгласаа и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител. Заменик министерката за правда Билјана Бришковска Бошковски појасни дека со измените и дополнувањата се врши натамошно унапредување на системот на заштита на човековите права во Македонија во согласност со меѓународните стандарди за човекови права.