Германија ја поддржа операција на Турција против ИД

Германија ја поддржува воената операција што Турција ја почна во Сирија против екстремистичката група Исламска држава, но и против курдските милиции на границата меѓу двете земји, пренесоа светските медиуми.

Портпаролот на германската дипломатија Мартин Шефер изјави дека делот на турската операција, што е насочен против ИД, е во склад со целите и намерите на коалицијата за борба со ИД. Германските власти велат дека ја почитуваат одлуката на Анкара да се бори со курдските групи во Сирија, и покрај тоа што тие се сојузници на Западот во сирискиот конфликт.