МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во Италија

Министерството за надворешни работи известува дека нема информации за повредени или загинати македонски државјани во земјотресот во Италија. Од МНР соопштија дека македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија. Од Министерството изразија сочувство до семејствата на загинатите и повредените во силниот земјотерсот што го погоди централниот дел на Италијанската Република.