Дамаск ја осуди турската интервенција во Сирија

Сириската влада ја осуди операцијата на турските сили во областа Џарабулус која се наоѓа во рацете на екстремистите на Исламската држава. Според властите во Дамаск актот не турските сили е „флагрантно кршење“ на суверенитетот на Сирија. Министерството за надворешни работи соопшти дека го осудува преминување на границата меѓу Турција и Сирија од страна на турски тенкови и оклопни возила поддржани од коалицијата предводена од САД кон градот Џарабулус. Во меѓувреме во Турција е американскиот потпретседател Џо Бајден кој се среќава со турските власти. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Твитер напиша дека „чистењето“ на Џарабулус ќе означи пресвртница во борбата против ИД.