Бајден допатува во Турција

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден допатува денеска во Анкара каде што ќе има разговори со турското раководство во момент кога државата почна со операција за да протера припадници на ИД од град на границата со Сирија. Бајден е највисок западен дипломат кој ја посетува Турција по неуспешниот обид за пуч од 15 јули. Според западни медиуми, Бајден ќе се обиде да ги поправи односите на САД со Турција откако Анкара го обвини имамот Фетула Ѓулен кој живее во Пенсилванија дека е одговорен за пучот.