Русија ги обвинува САД за блокирање на разговорите за Сирија

Русија ги обвини Соединетите држави дека не сакаат да сторат повеќе во борбата против огранокот на Ал Каеда во Сирија Фронтот Ал Нусра и оти тоа ги блокира разговорите за воена соработка во Сирија. Руското министерство за надворешни работи предупреди дека со тоа САД ризикуваат Ал Нусра што пред извесно време го смени името во Џабат Фатех ал Шам да прерасне во „ново терористичко чудовиште во Сирија“. Руското обвинување дојде ден откако американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека дека руско американските разговори за соработка во Сирија биле при крај.