Во Грција азил бараат над 40 илјади бегалци и мигранти

Најмалку 41 илјада бегалци и мигранти, од кои најголемиот број Сиријци, квалификувани за прераспределба во Европската унија, бараат азил во Грција, изјави денеска грчкиот министер за миграција Јанис Музалас.

Тој наведе дека грчките служби и Обединети нации регистрирале 54.000 бегалци и мигранти на грчка територија од јуни до крајот на јули годинава. Од нив 41 илјада луѓе, кои пристигнале на копнениот дел од Грција, пројавиле интерес за добивање на азил или предале официјално барање, додека 2.000 луѓе се согласиле да се вратат во татковината.

Во исто време, на грчките острови од Турција пристигнале 11 илјади луѓе.