Загинал американски војник во Хелманд

Еден американски војник загина во операција против талибанците во авганистанскиот град Лашкар Гах, главниот град на провинцијата Хелманд, соопштија од мисијата на НАТО во Авганистан. Во соопштението се наведува дека во операцијата е повреден уште еден американски војник и шестмина авганистански војници. Вчера во Лашкар Гах беа испратени 100 американски војници за поддршка на авганистанските сили. Американскиот војник загинал во експлозија од импровизирана направа додека биле во партола.
Од крајот на јули, талибанците окупираа делови од територија низ провинцијата Хелманд, по што се заканија дека ќе го преземат и главниот град на провинцијата.