САД и Турција разговараат за Ѓулен

Турски и американски власти разговараат за барањето САД да го испорача муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Турција го обвинува за обидот за воен удар во земјата. Делегација на американското Министерство за правда и од Стејт департментот допатуваа во Анкара вчера, а денеска и утре се состануваат со турските власти. Ѓулен веќе 17 години живее во самопрогласен азил во Пенсилванија, САД. Вашингтон од Турција бара цврсти докази за Ѓулен пред да го разгледаат барањето за испорачување на проповедникот. Во посета на Турција, утре ќе допатува и потпретседателот на САД, Џо Бајден. Белата куќа вчера соопшти дека тој ќе ја нагласи силната поддршка за Турција после обидот за пуч.