Собранието ќе одржи надзорна расправа за поплавите

Собранието наскоро треба да одржи надзорна расправа на која ќе се дискутира за поплавите од 6 август. Ваква одлука донесе собраниска Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Датумот на расправата, како што инфомрира претседтелот на Комисијата Панче Орцев од СДСМ, дополнително ќе биде одреден на координации.

Тој од името на предлагачот - пратеничката група на СДСМ, појасни дека целта на барањето за надзорна расправа е да се дебатира за пропустите и одговорностите при справувањето со поплавите што го зафатија скопскиот и тетовскиот регион на 6 август годинава.